Создавање на одржливи канали за дијалог и партнерство помеѓу локалните здруженија и претставниците на локалнта власт

На ден 29.06.2016 година во просториите на хотелот „Грација”, Куманово се одржа првиот квартален состанок. На кварталната средба присустуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците.

Целта на оваа средба беше да се воспостават одржливи канали за дијалог и партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните органи со цел да се обезбеди учество на граѓанското општетство во процесот на донесување на одлуки.

Беше создадена можност учесниците да споделуваат искуства, мислења како и да идентификуваат решенија на определени проблеми кои потенцијално ги имаат.

На крајот на средбата добивме сознанија за тоа со кои потешкотии се среќаваат локалните здруженија на граѓани и Комисијата на односи меѓу заедниците на кои ќе треба да се посвети поголемо внимание на следните средби кои ќе се одвиваат со цел да се надминат проблемите и да се создадат можности за добра комуникација и соработка.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0284-800x600 DSC_0278-800x600 DSC_0277-800x600 DSC_0259-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*