На ден 08.07.2016 година на барање на Агенција за односи меѓу заедниците, проектниот менаџер Михаил Готовски одржа состанок со Директорот на АОПЗ Г-а Весна Бабиќ – Петровски. Тема на разговор беше можноста за идентификување на заеднички цели и заедничко спроведување на активности.

Од страна на директорот на АОПЗ беше предложено заеднички да го провериме интересот на приватни телевизии да продуцираат и емитуваат програма на јазиците на заедниците.

Заеднички е договорено проектниот тим, како и Национален ромски центар да ги разгледаат можностите како во рамки на тековниот проект, така и надвор од него да го испитаат интересот за емитување на телевизиски програми на јазиците на заедниците.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*