Создавање на можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија и претставниците на локалнта власт
На ден 14.06.2016 година во просториите на хотелот „Але-Дар”, Кочани се одржа првата тркалезна маса. На тркалезната маса присустуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од локалната власт.
Целта на оваа тркалезна маса беше да се создадат можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт. Беше создадена можност учесниците да споделуваат искуства, мислења како и да идентификуваат решенија на определени проблеми кои потенцијално ги имаат.
Во дискусија на темата како помалите заедници учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво беа отворени голем број на прашања и проблеми за кои претставниците на локалната власт и здруженијата на граѓаните дискутираа.
Се донесоа неколку битни заклучоци на кои ќе треба да се работи во следниот период на состаноци кои ќе се одвиваат помеѓу локалните здруженија и претставниците на локалната власт со цел да се надминат проблемите и да се создадат можности за добра комуникација и соработка.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.