Разгледување на можности за проактивно делување на локално ниво за (по)малитезаедници
Во просториите на единицата за локална самоуправа на ден 08.06.2016година се одржа трет работен состанок со претставници на општина Прилеп. На состанокот присутствуваа членовите на советот Благој Карески, Анета Наумовска и Самија Ајдини, како и Марија Марковска- општина Прилеп и Ане Матевска – Рома Перспектив Прилеп.
Проектниот тим го презентира проектот ипроектните активности, односно која е целта од неговото имплементирање. Со креирање на стратегии и програми низ работилници, обуки и тренинзи за сите засегнати страни на локално ниво да се зајакнат капацитетите за подобрување на учеството на (по)малите заедници кои живеат во општина Прилеп.
Проектниот тим ја нагласи важноста за нивното присутство во проектните активности кои ќе се спроведат со цел да се воспостават канали за комуникација помеѓу нив, локалните граѓанските организации и припадниците на (по)малите заедници за успешна соработка.
Претставниците на општината се изјаснија дека се заинтересирани за учество на проектните активности,дека тиеимаат добра комуникација и соработка со локалните организации, и да сметаме на помош од нивна страна за успешна реализација на проектните активности предвидени за општина Прилеп.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.