Разгледување на можности за соработка и дополнително приближување на (по)малите заедници и локалната власт.

 

Во просториите на единицата за локална самоуправа на ден 30.05.2016 година се одржа втор работен состанок со претставници на општина Битола. На состанокот присутствуваа членови на советот Виолета Ковачевиќ, Благој Шаклевски и Анита Ангелевска-претставник на општина Битола.

Целта на оваа работна средба беше претставување на проектот и проектните активности, дускусија на досегашните практики и искуства на локално ниво и разгледување на можности за идна соработка. Со креирање на стратегии и програми низ работилници, обуки и тренинзи за сите засегнати страни на локално ниво да се зајакнат капацитетите за подобрување на учеството на (по)малите заедници кои живеат во општина Битола.

Проектниот тим го презентира проектот, проектните активности, односно која е целта од неговото имплементирање. На претставниците им беше кажано за важноста од нивното присутство во проектните активности кои ќе се спроведат со цел да се воспостават канали за комуникација помеѓу нив, локалните граѓанските организации и припадниците на (по)малите заедници за успешна соработка.

Претставниците на општината рекоа дека тие веќе имаат воспоставено комуникација и соработка со локалните организации, дека ќе ни помогнат и тие да бидат вклучени во проектот, а проектот и проектните активности ќе ги подржат во целост доколку тоа е во нивната можност.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

20.06.2016 (15)-800x600-800x600 30.05.2016 (8)-800x600 30.05.2016 (9)-800x600-800x600 30.05.2016 (16)-800x600-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*