Разгледување на можности за проактивно делување на локално ниво за (по) малите заедници

На ден 20.05.2016 година во просториите на единицата за локална самоуправа се одржа работен состанок со претставници на општина Кочани. На состанокот присутствуваа Претседателот на советот Јордан Димитров, членови на советот Марија Ананијева и Ѓорѓи Алексов , како и подготвувачот на седници Јалчин Неџипов.

Целта на оваа работна средба беше претставување на проектните активности, согледување на досегашните практики и искуства на локално ниво и разгледување на можности за идна соработка за подобрување на учеството на (по)малите заедници кои живеат во општина Кочани во насока на креирање на стратегии и зајакнување на капацитетите низ работилници и обуки за сите засегнати страни на локално ниво.

Проектниот тим составен од Михаил Готовски, Александра Георгиевска, Фатима Рамадановска, заедно со Драганчо Георгиев претставник на партнерската организација АВЕНА од Кочани, го презентираа проектот, проектните активности, очекуваните резултати од проектот, односно која е целта од неговото спроведување. Беа известени за важноста од нивното присутство во проектните активности со цел да се воспостават канали за комуникација помеѓу нив, граѓанските организации и припадниците на (по)малите заедници за успешна соработка.

Претставниците на општината покажаа голем интерес за проектот како и за учество во проектните активности.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0475-800x600 DSC_0476-800x600 DSC_0478-800x600 DSC_0479-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*