Сафет Цупевски – Камачо, е еден од повеќето образовани Роми во Македонија и пошироко, но сепак невработен. Тој е еден од многуте Роми, кои чекаат цел живот, пред вратите на бирото за вработување. Цупевски од 1977-1981 година, во Универзитетот во Белград се здоби со диплома, виши работен терапевт, 6-ти степен. Од 1981-1983 година, дипломирал за виши физиотерапевт, за кинези терапија и физикална терапија. Од 1983-1986 година, исто така во Универзитетот во Белград станал, дипломиран Дефектолог, 7-ми степен. Меѓутоа, тука не завршува образованието на Цупевски. Тој во учебната 2005-2006 година во Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, запишува посдипломски магистарски студии по дефектологија. Работно искуство има од Швајцарија, од воената болница во Ниш и други медицински установи, надвор од Македонија.
Тој исто така е, почесен преседател на Советот на интелектуалци Роми на Македонија, прв претседател кој не е вработен. За својата сегашна ситуација Цупевски вели дека ја изгуби надежта дека, еден ден ќе се вработи.
Покрај сите напори да се вработам неуспеав, сега ништо друго не ми преостанува, освен да магистирам и да докторирам во мојатата струка. Како единствен Ром дефектолог во Македонија, мислам дека мојот статус како невработено лице е вистински апсурд, вели Сафет Цупевски – Камачо.