Националниот ромски центар на 6 и 7 април учествуваше на конференцијата во Букурешт – Романија „Заборавени гласови од Холакаустот“ во организација на ЕРТФ, ПроЕуропа Романија, ИХРА, Министерство за надворешни работи на Финска, Советот на Европа и Парламентот на Р.Романија. Конференцијата е организирана во чест на Меѓународниот ден на Ромите.

 

По завршувањето на Втората светска војна до денес многу активности  се направени од страна на ромски и не-ромски организации и активисти како и од преживеани лица од логорот Аушвиц во Полска, Биркенау, Јасеновац, со цел да се прифати холакаустот и геноцидот врз Ромите за време на фашизмот на Германија за време на Втората светска војна.

На конференцијата учествуваа истакнати професори, аналитичари од познати институти од Германија, Холандија, Унгарија, Романија, писатели на ромската историја – холакаустот, идентитетот, пратеници, министри, активисти од Европа, западен Балкан и Турција.

Конференцијата придонесе за упатување јасна порака до сите релеватни европски, светски и германски институции кои се одговорни да не се повтори Холакаустот и геноцидот врз Ромите.

НРЦ на конференцијата презентираше наводи од книгата на авторот Рамо Рушидовски „Ромите во Европа“ кои се однесуваат на историски неправди кон Ромите кои за жал се видливи и ден денеска во форма на дискриминација, расизам, анти-циганизам и неофашизам.

Пораката од конференцијата гласи „Ние знаеме кои сме, имаме историја, но имаме и одговорност кон генерациите кои доаѓаат и нивната иднина“ и упатува јасна порака дека сме тука заедно да изградиме подобар свет.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*