Времетраење: 01.11.2014 – 30.10.2015

Цели:

Континуирано подобрување на репродуктивното здравје со цел да се намали доенечката и мајчина смртност, преку мониторинг на пристапот до загарантирана квалитетни антенатални, перинатални и постпартални здравствени сервиси за Ромки и социјално загрозени жени.

Резултати:

  • Се спроведува основно истражување за потребите и идентификација на свеста кај целната група на корисници (со посебен осврт кон жените Ромки) за да се процени состојбата на здравствена заштита и користење и очекувања од превентивни услуги, и да се искористат наодите како основа за соодветен (наменски) развој на проекти и застапување по ова прашање;
  • Се дефинираат и оформуваат проблемите на застапувањето и стратегијата за претставување на проблемот на здравствената заштита пред националните и локалните донесувачи на одлуки;
  • Подигнување на свеста за бесплатните антенатални услуги, како и за правата на пациентите преку кампања за информирање и застапување.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*