НРЦ упатува повик за вклучување на волонтери
Национален ромски центар (НРЦ) врз основа на Стратегијата и Програмата за волонтирање 2015-2018 објавува повик за избор на волонтери. Волонтер во НРЦ може да биде државјанин на Р.М. или странско физичко лице во согласност со важечките прописи во Република Македонија.
Услови кои треба да ги исполни волонтерот:
- Да е на возраст од 18-35 години
- Сам да си обезбеди сместување, поддршка за животни трошоци, осигурување, виза и патни трошоци (доколку се потребни)
- Да го регулира престојот во Р.М во согласност со важечките законски прописи доколку станува збор за странски државјанин
- Да има завршено минимум средно образование
- Да достави изјава заверена на нотар дека не е казнуван за прекршок (доколку е странско физичко лице)
Доколку сакате да волонтирате, прв чекор е да пополните формулар апликација за волонтирање достапна на веб страната на НРЦ (http://static.nationalromacentrum.org/pdf/ Aplikacija-za-volonteri.doc) или во печатена верзија достапна во седиштето на организацијата, заедно со кратка биографија и мотивационо писмо од максимум 300 зборови. Селектираните волонтери може да волонтираат во НРЦ од 2 до 6 месеци. Рокот за пријавување е до 20 ноември 2015 година.
Мисијата на НРЦ преку мобилизација и зајакнување на луѓе, користејќи застапување врз основа на правата и партиципативниот пристап, НРЦ ќе ги поддржи нејзините конституенти (Роми и други лица кои живеат во социјален ризик) да ги исполнат нивните основни права и да уживаат во нивните слободи како еднакви во општеството претставува фундамент и на оваа Стратегија и Програма за волонтерство на Национален ромски центар.
Стратегијата за волонтирање на НРЦ доследно ги следи стратешките приоритети на НРЦ од 2015 до 2018 година дефинирани во три приоритетни области како:
- пристоен дом и услови за живеење,
- пристап до квалитетни здравствени услуги и информации,
- еднакви можности на пристап до правдата и владеењето на правото.
Формулар апликација за волонтирање