Edno magazineПред вас е новиот број на магазинот ЕДНО со реден број 7 со најновите содржини кои ги третираат и опфаќаат актуелните прашања во Македонското општество во областа на образованието, социо-економските проблеми, како и пречките и проблемите кои го попречуваат севкупното интегрирање на Ромската заедница во со процесите на споменатите области но и сеопштото интегрирање во сите општествени збиднувања.

Се надеваме дека нашиот тим, со подготвените материјали кои третираат проблеми од најразлични нивоа од нашето општество, успешно ќе ве поттикне да ги разгледате најновите содржини во него, но исто така се надеваме дека информативните придобивкии впечатоците од содржините заедно со сите важни информации ѓе ги пренесете до сите ваши колеги и ваши пријатели.

Тимот кој работи на подготвување на содржините на Магазинот ЕДНО со задоволство ве информира дека е отворен за пренесување на вашите ставови во врска со актуелните текови, состојби во Македонското општество, и другите општества во Европа, кои директно или индиректно го засегаат интегрирањето на Ромите во Република Македонија и надвор од неа.

Во овој број се напишани текстови со кои содржински се опфаќаат општествените проблеми од социо-економски карактер, проблемите од правен аспект, како и проблемите и актуелните текови од областа на медиумското информирање.

На почетокот на магазинот го изнесуваме нашиот уреднички став кој говори за видовите и природата на релациите на меѓуетничкото ниво, и сите придобивки и нус позитивни перцепции кои се појавуваат при истите.

Се надеваме дека со информациите кои ви ги нудиме и нашите согледувања, ќе успееме да создадеме успешна комуникација помеѓу нас во прилог на подобрување на состојбите на сите општествени нивоа во Република Македонија како и подобрување на состојбите Ромската заедница во Република Македонија.

Националниот Ромски Центар се надева дека, проследувајќи го овој број на Магазинот ЕДНО до вас, ќе успееме барем во дел да допринесе во постигнувањето на целите кои ги изнесовме погоре, а повеќе информации за нашите активности по однос на овие прашања можете да најдете на нашиот веб портал: www.nationalromacentrum.org.

Целосните содржини на сите претходни броеви на магазинот ЕДНО можете ги најдете на нашиот портрал за магазинот ЕДНО: www.ednomagazine.com