Амбасадорот на Р. Словенија, Н.Е. Ален Брајан Бергант оствари работна посета на Националниот Ромски Центар. Тој беше информиран за тековните активности на НРЦ, како и плановите за идните дејности.

Амбасадорот ја потврди соработката со Националниот Ромски Центар од 2008 година, од претседателството на Словенија со Европската Унија. Тој го изрази неговото задоволство за напредокот на НРЦ, пред се во областа на образованието.

На средбата беа разгледани можни иницијативи за соработка што ќе треба да се конкретизираат во блиска иднина. Амбасадорот ја потенцираше неговата увереност во можностите за соработка со НРЦ преку реализација на заеднички активности.

Национален Ромски Центар очекува соработката со Амбасадата на Република Македонија да продолжи и во иднина и смета дека напредокот на Ромите на сите нивоа ќе и помогне на Македонија во процесот за влез во Европа. „НРЦ е сервис за граѓаните“, потенцираше Ашмет Елезовски, менаџер на Националниот Ромски Центар, „и ќе продолжи и во иднина да дејствува во корист на граѓаните, креирајќи позитивен правец во ромската проблематика.“