И покрај дождот граѓаните на ромското маало во Кочани во голем број дојдоа на граѓанскиот собир за да ги посочат конкретните проблеми и потреби за адекватни услови за живеење
Во рамките на караванот „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“ се одржа втората граѓанска средба на која во голем број дојдоа граѓаните од ромското маало во Кочани, носејќи ги со себе документите за своите домови со надеж дека тие самите со асистенција на тимот на НРЦ и партнерските организации можат да се заложат за подобри услови за живот.
Овој настан е дел од активностите на Националниот ромски центар, (НРЦ) во рамки на граѓанската акција „Адекватно домување за Роми“, а во партнерство со уште шест други невладини организации, („Авена“ Кочани, „Пралипе“ Крива Паланка, „Баирска светлина“ Битола, „Ромска солза“ Прилеп, „Амбрела“ Шуто Оризари и „Паблик“). Проектот се реализира со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија, како и од програмата Европа за граѓаните на Европската Комисија.
Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми.
Акцијата за застапување ќе вклучува барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.
[post_gallery]