Во рамките на проектот „Адекватно домување за Роми“ се одржа третата партнерска координативна средба на која се дискутираше за потребите на локалните организации во поглед на нивно зајакнување и проблемите на секоја ромска заедница во 9 градови
Согласно планираните активности во проектот „Адекватно домување за Роми“, на 20.10.2015 година во просториите на здружението „Авена“ во Кочани се одржа третата партнерска координативна средба. На средбата беа разгледани прашалниците за самоевалуација на партнерските организации и лицата партнери кои беа пополнувани на претходниот состанок. Врз основа на информациите од прашалниците се разви дискусија за потребите на локалните организации и нивното зајакнување во поглед на структурата на организациите, стратешката поставеност како и видливоста.
Во вториот дел од средбата беа детектирани проблемите на Ромите од ромските заедници во таргетираните градови, според урбани заедници во кои има најголем број Роми. Проблемите дополнително ќе бидат разгледани на граѓанските средби во заедниците каде директно со граѓаните ќе се разгледаат можностите за заедничка граѓанска акција во насока на подобри услови за живот.
[post_gallery]