НРЦ ја искористи можноста да презентира специфични информации и прашања поврзани со имплементација на правата од Пактот во Македонија со посебно внимание за ромскиот народ пред Комитетот кој ја следи имплементацијата на Пактот

Делегација на НРЦ беше во работна посета на Канцеларијата на Обединети Нации во Женева и зеде учество на 56-та сесија на Комитетот за економски, социјални и културни права (КЕСКП) посветена на Македонија за време на предсесијата на работната група која се одржа од 12-16 октомври во Палатата на Нациите во Женева.

НРЦ ја искористи можноста да презентира специфични информации и прашања поврзани со имплементација на правата од Пактот во Македонија со посебно внимание за ромскиот народ пред Комитетот кој ја следи имплементацијата на Пактот. Комитетот за економски, социјални и културни права (КЕСКП) е тело составено од 18 независни експерти кои ја следат имплементацијата на Пактот за економски, социјални и културни права ратификуван од страна на Македонија. Комитетот ја следи и истражува имплементацијата на правото на работа и праведни и соодветни услови за работа, правото на адекватен стандард за живот, правото на највисок можен степен на здравствена заштита, правото на образование, социјална заштита и културни права кои извираат од достоинството на секој човек и Комитетот го адресира своите согледувања и препораки за државата.

Понатаму НРЦ  одржа и работен состанок со претставник на Секретаријатот на Форумот за прашања на малцинствата во Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на ОН, со претставник на Специјалниот известувач за малцински прашања на ОН и претставник на Специјалниот известувач за адекватно домување на ОН, со кои разменивме согледувања за заштита на човековите права во областа на домување и заштита на Ромите како малцинство во Македонија.

[post_gallery]