Ве информираме дека со првата граѓанска средба во Општина Карпош (населба Злокуќани) почнува караванот „Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“.
Овој настан е дел од активностите на Националниот ромски центар, (НРЦ) во рамки на граѓанската акција „Адекватно домување за Роми“, а во партнерство со уште шест други невладини организации, („Авена“ Кочани, „Пралипе“ Крива Паланка, „Баирска светлина“ Битола, „Ромска солза“ Прилеп, „Амбрела“ Шуто Оризари и „Паблик“). Проектот се реализира со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија, како и од програмата Европа за граѓаните на Европската Комисија
Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми.
Акцијата за застапување ќе вклучува барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.
Национален ромски центар заедно со партнерските организации ве поканува на граѓански собир што ќе се одржи на 08.10.2015 (четврток) со почеток во 18 часот, на локација Јурија, во населба Злокуќани, Општина Карпош.