Автор Ашмет Елезовски

Книгата е подготвена на англиски, македонски и ромски јазик. Сите кои сакаат да добијат примерок од бегалската хроника, може да се обратат на контактите на Националниот ромски центар.

Рецензија

Привремен животАвторот Ашмет Елезовски остави трага во времето на оваа наша современост. На просторот во историјата забележан како цивилизациски праг во земјите лулки на европските демократија и култура, авторот ги запиша темната страна, опачината и сето лицемериве на современиот човечки род. Преку страдањата на недолжните деца, мајки, баби, дедовци, татковци – жртви на политичките интереси и интриги, жртви на судирот на малите балкански народи и на себичноста на големите европски и светски сили.

Можеби случајно, но можеби и намерно жртви се припадници на ромската етничка заедница. Ако е само тоа или барем само таа фашизоидна причина за опишаните страдања во хронологијата на Ашмет Елезовски, тогаш нам, на современиците на овие случувања на човековото страдание во „Ромската бегалска хроника 1999-2006“авторот нам ни го остава срамот поради нашата инертност на дофат на нашиот поглед да се случуваат непримерни страдања. За среќа, Ашмет Елезовски и уште малкумина како него се образот на оваа генерација.

Хрониката на Ашмет Елезовски не се раскажува. Таа се чита секогаш и повторно како човекова потреба постојано да си ја проверуваме сопствената совест.

Зоран Иванов
новинар