Заложбите на НРЦ во областа на образованието во последните неколку години се предмет на последниот извештај на Република Македонија пред Комитетот за економски социјални и културни права при ОН
Република Македонија во својот последен извештај пред Комитетот за економски социјални и културни права при ОН како позитивно искуство ги наведе заложбите на НРЦ за намалување на јазот во образование помеѓу Ромите и останатото население, како и за промовирање на принципот на недискриминација во воспитно образовниот процес.
Во извештајот, во точка 169 се информира за подготовката на Прирачникот за спречување и заштита од дискриминација во воспитно-образовниот процес во Република Македонија во 2010 година, од страна на Министерството за образование, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Национален ромски центар.
Во точка 171 од извештајот Република Македонија информира за спроведувањето на кампањата „Клучот е во ваши раце“ од страна на Национален ромски центар во партнерство со Министерството за образование и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Во информацијата се наведува дека со проектот биле опфатени 86 основни училишта, 3000 ромски ученици и 23 медијатори. Преку активностите на НРЦ во кампањата осипувањето на ромксите ученици е намалено за 13,5%.
Целиот извештај може да се прочита тука: