Еднаквоста, толеранцијата, достоинството и почитувањето на човековите права се остварливи цели, а не само имагинарни претпоставки
27 јануари се одбележува како меѓународен ден на сеќавање на холокаустот и жртвите од геноцидот извршени од нацистичкиот режим и неговите сојузници. Животите ги изгубија милиони Роми, Евреи и други луѓе кои се противеа на нацистичката идеологија. Со почит и тага се сеќаваме на недолжните жртви на нацистите.
Национален ромски центар како дел од Европското ромско движење (Европски Ромски и Патувачки Форум – ERTF, Рома Национал Конгрес – RNC, Интернационална Ромска Унија -IRU) воден од сржта на еднаквоста на сите луѓе и признавањето на вроденото достоинство и еднаквите и неотуѓивите права на сите народи на човековата заедница, оддава почит кон сите жртви од холокаустот. Воедно НРЦ изразува загриженост за непочитувањето на правата на ромската заедница насекаде во Светот, како и нецелосното признавањето на жртвите од фашизмот за време на Втората светска војна. Дури и денес Ромите се маргинална заедница во сите општества.
По повод денешниот ден НРЦ порачува оваа нечовечност повеќе никогаш да не се повтори. Ваквиот грозоморен геноцид, кој и денес постои, е силна порака до сите народи во Светот дека треба да се делува за негово надминување. Потребно е да се воспостави механизам за остварување на идеалот кај сите народи и нации за достигнување на еднакви права на сите. Потребна е силна заложба за исполнување и реализирање на сите активности кои треба да доведат до еднаквост, толерантност и достоинствен живот на секоја индивидуа.
По повод денешниот ден НРЦ ја упатува оваа порака со надеж дека еднаквоста, толеранцијата, достоинството и почитувањето на човековите права се остварливи цели, а не само имагинарни претпоставки.
Слава и почит на сите жртви на нацизмот.
Куманово 27.01.2015 год.
[post_gallery]