Изложбата беше организирана во Уметничката Галерија во Куманово

На 21 Ноември во Уметничката галерија во Куманово беше отворена изложбата на детски цртежи кои беа изработени на настанот Roma Pride преку кампањата ДОСТА! „Надминете ги предрасудите, запознајте ги Ромите“ одржан на 09.10.2014 пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Настанот Roma Pride беше организиран во соработка со наставниците по ликовна уметност од основните и средните училишта преку кои учениците подготвија креативни творби на тема „Колку ги познаваш Ромите“.

На изложбата зедоа учество 11 училишта меѓу кои 4 средни и 6 основни училишта од Куманово, како и гостите ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од н.м. Миладиновци, Општина Илинден. Покрај изложбата беше промовиран видео материјал од настанот Roma Pride и беа поделени благодарници за учество за училиштата, наставниците по ликовна уметност и учениците.

Главна цел на изложбата беше да се мотивираат учениците да продолжат со креативното творење и ликовната уметност да ја искористат како алатка за изразување со кое ќе дадат свое влијание во надминувањето на стереотипите и предрасудите и создавање на подобра слика за Ромите во општеството.

[post_gallery]