Проектните активности од Roma Pride ќе се реализираат на 08.10.2014 година (среда), на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Здружението „Национален ромски центар“ ја имплементира Roma Pride преку активности од кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите!“, со поддршка од Советот на Европа.
Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.
Проектните активности ќе се реализираат на 08.10.2014 година (среда), на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Во соработка со наставниците по ликовна култура од основните и средните училишта ќе се формираат работни групи од мешовит етнички состав кои ќе подготват ликовни творби на тема „Колку ги познаваш Ромите“.
На настанот секое училиште ќе има свој простор каде што ќе бидат изложени и презентирани креативните дела на учениците од овие училишта. Целиот настан ќе биде проследен со музика, а на крајот групите од училиштата ќе бидат повикани да ги закачат своите платна со графити, цитати и пораки на полукружното пано поставено на местото на настанот. По поставувањето на сите платна од секоја група на паното, на крајот ќе биде претставен Ѕидот против предрасудите, стереотипите и дискриминацијата како бариера против овие негативни појави во општеството.
[post_gallery]