Изборна кампања

Општи подготвителни активности

Национален Ромски Центар (НРЦ) како невладина организација работејќи на Ромското прашања за активно учество и интеграција на Ромите во општеството и заштита на правата на секој граѓанин ова беше активно вклучено во кампањата за парламентарните избори во Македонија 2006. Нашите напори за да се подобри состојбата на Ромите се фокусирани на едуцирање и мотивирање на Ромите да го зголемат нивото на учеството во образовниот систем и во сите форми на Ромска граѓанска партиципација во општеството.

Почнувајќи од јануари 2006 работејќи на подготовките за проектот да биде спроведен според планираното. Во поглед на нашата работа на проектот за овие парламентарни избори работевме за да ја вклучиме младата Ромска популација како активни граѓани во општеството, да се подигне нивото на свесност кај популацијата за да се образува за правото на глас како човеково право и обврска. Од друга страна користејќи го правото на глас Ромите можат да бидат еднаков и легитимен дел од општеството исто така. Наша цел за спроведените активности на проектот беше да се помогне Ромската интеграција во општеството низ спроведување на мотивација и едукација за изборниот процес за да се зголеми нивото на учеството на Ромите.

Нашата работа беше сконцентрирана на образување и мотивирање за учеството во изборниот процес за овие парламентарни избори кои беа одржани на 5 јули 2006. Најпрвин беше потребно да се истражи јавното мислење на Ромите и да се направат анализи за состојбата на теренот и околу 100 Роми беа анкетирани за мислењето и неколку НВО од Куманово и Скопје беа посетени. Од директниот контакт со Ромската популација заклучивме дека општо Ромите не се заинтересирани да учествуваат на изборите, и овој факт подоцна беше докажан за време на посетите на неколку Ромски населби и општини во Македонија. Промотивниот материјал за кампањата за едукација се состоеше од 2000 брошури, 1000 мајци, 500 ЦД-а, 26 фудбалски топки и еден голем транспарент што беа дадени на луѓето што беа посетувани и ова беше обезбедено и за учесниците на фудбалските натпревари исто така.

Промовирање на кампањата “ЏАН”

Почнувајќи од 13 јуни 2006 Национален Ромски Центар офоцојано ја започна кампањата насловена како Џан (Ромски збор за оди, знај, како израз за да се иницира активност, да се испрати порака до Ромските гласачи да бидат активни граѓани и да го искористат правото на глас). Целта на кампањата како што е наведено погоре беше за да се едуцира Ромската популација околу процесот и процедурата за гласање и да се мотивираат исто така. Кампањата беше започната од страна на Проект менаџерот на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски, на 13.06.2006 на состанок организиран од ЕЦМИ, каде што различни учесници од невладини организации и политички партии од Македонија беа вклучени. Состанокот беше организиран за да се минимализираат нерегуларностите за време на изборниот процес. На состанокот Ромските претставници посведочија дека ќе излезат на изборите заедно во коалиции цо македонските партии што се на власт или во опозиција. На истиот ден, Г-динот Ашмет Елезовски беше интервјуиран од страна на Националната телевизија-МТВ, Програма на Ромски јазик.

Од 13-16 јуни тридневен тренинг беше организиран од страна на НРЦ во канцеларијата за теренските едукатори. Сите 15 едукатори беа обучени за изборниот процес и за минатите искуства што беа употребувани за претходните локални, парламентарни и изборите за Претседател. Исто така беше спомнато дека наша стратегија и метод како да ги вклучиме гласачите ќе биде направена со директен контакт и посети на Ромските семејства преку непосреден разговор. Ромски НВО беа вклучени во организирање на фудбалските натпревари.

Исто така на 26 јуни 2006 беше одржана конференција за медиуми во НВО Инфо Центар, Скопје, за да се информираат медиумите за кампањата, програмата, и полето на дејствување и да се повика Ромската популација да бидат активни граѓани на овие парламентарни избори.

За да се биде ефективен во реализирањето на предвидените активности на територијата на Република Македонија создадовме два работни тима за на терен што работе во различни делови на државата, вклучувајќи три региони-источен, западен и централен. На 21 јуни ја контактиравме Државната Изборна Комисија и Министерството за Внатрешни Работи и ги информиравме за активностите на кампањата и за активностите на теренските едукатори исто така. На 23 јуни ја примивме нивната подршка.

На 24 јуни тимот од теренските едукатори беше во централнот регион во Пробиштип и преку директен контакт со Ромската популација активноста беше реализирана и брошурите и мајците беа дадени и тимот ја има објаснето важноста да се биде учесник гласач на изборите. На 25 јуни тимот оперираше во Скопје, особено во општината Шуто Оризари. Во Скоје беше организиран првиот фудбалски натпревар, помеѓу Ромите во општината Шуто Оризари. А пред тоа теренските едукатори работеа во Куманово и Скопје, ги имплеметираа активностите од проектот како што беа предложени, го дадоа едукативниот материјал на Ромските гласачи. Во наредниот период тимот беше во Кочани, Виница и Штип во посета на Ромските населби, и во Виница беше организиран фудбалски натпревар.

На 27 Јуни беа постени Берово, Пехчево и селото Црник од страна на тимот за источниот регион. На 28 јуни Прилеп беше посетен од страна на тимот за едукација и исто така и таму беше одржан фудбалски натпревар, исто така едукаторите ги реализираа дукативните активности и во Велес, Кавадарци, и Неготино. На 29 јуни тимот за едукација беше во Куманово и беше организиран фудбалски натпревар во населбата Банево Трло каде што претежно живеат Роми. Тетово, Кичево и Битола беа посетени од страна на тимот за западниот регион. На почетокот на Јули општините на Гевгелија, Струмица, Радовиш и Валандово беа посетени. Ова беа последните посетени општини според активностите на проектот.

За да се промовира кампањата ние организиравме конференција за медиуми за да се претставиме и да ја претставиме програмата исто така, неколку посети на Ромски заедници беа спроведени, дистрибуција на едукативниот материјал подвлекувајќи ги основните коментари за изборниот процес, и наша идеја беше да се промовира толеранцијата и фер учество на изборите преку фудбалски натпревари што беа организирани во дополнување на нашата кампања. Овие фудбалски натпревари беа начин младите Роми да се стават во ситуација каде што тие ќе промовираат фер игра како начин да бидат фер учесници и промотери на одговорноста да се земе учество во изборниот процес.

Гледајќи го процесот на изборите како битен дел да се изрази волјата на граѓаните и да се промовира заемно разбирање, толеранција и свесност дека Ромската популација може да биде еднаков учесник во овј процес и волјата и гласот на Ромските граѓани ќе бидат чуени. Ромите на изборите придонесуваат кон процесот на градење на нивната улога во општетството. Исто така многу важна активност беше спроведена на денот на изборите, ние остваривме мониторинг и набљудување на изборниот процес, по овластување од Државната Изборна Комисија, во неколку општини на изборни места заедно со НВО Здружение на жени на Ромки „Есма“ од Скопје, и друга НВО „Рома СОС“ од Прилеп. Денот на изборите во главно беше мирен и ефективно спроведен. Позитивна состојба поврзана со изборите е дека канцеларијата на НРЦ беше вклучена во проектните активности на Роми искористете го својот глас мудро, спроведен од ОБСЕ ОДИХР, финансиран од ЕУ.

По прогласување на Актот за распишување на изборите од страна на Претседателот на Парламентот на Република Македонија, на 20 април беше прогласено дека изборите ќе се одржат на 5 јули 2006. Изборите беа регулирани со прифатлив Изборен Закон усвоен при крајот на март 2006. Иако беше финализиран 3 месец пред почетокот на изборите, постави потрајни основи за спроведување на изборите и постави подобра изборна рамка. 120 членови на Парламентот се изберени според регионален пропорционален модел, по 20 пратеници се изберени од 6 изборни единици, кои се одредени во Изборниот Закон. За прв пат, претседатели и заменици на претседатели на општинските изборни единици (ОИК) и изборни единици (ИЕ) беа случајно изберени од граѓанските службеници, користејќи податоци од компјутери, а не беа номинирани од политичките партии.

Државната изборна комисија (ДИК) целиот период работеше ефективно и колегијално. Формуларите, инструкциите и правилата за спроведување на гласањето беа усвоени во рамките на законскиот рок и беа ставени на сајтот на ДИК. Претседателите и нивните заменици беа изберени од службеници од државна и општинска администрација, додека другите членови и нивните заменици беа изберени помеѓу службеници од јавната администрација. За време на изборната кампања според законската рамка за медиумите го вклучува Изборниот Закон, Правилник за еднакво претставување во медиумите и релевантни одредби од Законот за радиодофузна дејност.

За овие парламентарни избори помеѓу Ромските кандидати за изборите беа: Г-ѓа Есма Реџепова како претставник на Демократска Алтернатива, каде што беше носител на изборна листа. Може да забележиме дека г-ѓа Реџепова е промотер на развојот на движењето на жените Ромки во Македонија, но таа не се најде на листата на изберени преставници во новиот составот на македонскиот Парламент. Г-дин Неждет Мустафа беше номиниран како претставник на Обединета партија за еманципација на Ромите, тој настапи со коалицијата под мотото „Македонија напред, а не назад“ – составена од партијата што беше на власт, СДСМГ-динот Мустафа е зберен од гласачите како Ромски претставник во Парламентот. Друг политички претставник на Ромите беше Г-динот Шабан Салиу, како кандидат номиниран од Сојузот на Ромите, тој настапи со коалицијата предводена од главната партија во опозиција ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија има сила“. Тој беше изберен според гласовите на граѓаните. Така да сега имаме два Ромски претставника во Парламентот.

Следниве позитивни карактеристики го обележаа изборниот процес:

  • Голем избор и разновидност на политички гледишта им беа достапни на гласачкото тело, вклучувајќи ги и заедниците на етникумите
  • консолидирано законодавство со новиот Изборен Закон (Службен Весник на Република Македонија, бр.40/06), предвидувајќи потрајни основи за спроведување на изборите
  • Изборниот Закон предвидува квоти за рамноправно учество на половите на кандидатските листи и за административните изборни органи, како и одредби кои гарантираат еднаква застапеност на националните малцинства во изборната администрација
  • Позитивни мерки беа преземени на пример во општината Шуто Оризари, жена Ромка, Советник во канцеларијата на Народниот Правобранител на Република Македонија, Васка Бајрамовска Мустафа, за време на изборниот процес беше Претседател на Општинска изборна комисија (ОИК)
  • Изборниот ден генерално помина мирно и беше спроведен на добар начин на целата територијата на Репубилка Македонија, истото се однесува и на изборните места во Ромските заедници и населби.

Заклучок:

Генерално иако Република Македонија има донесено Национална стратегија за Ромите, сепак ништо конкретно не е променето. Мултиетничкото општество се подобрува, но сиромаштијата и не писменоста се сеуште главните проблеми со кои се соочени Ромите. За да се подобри состојбата на Ромите потребни се повеќе активности на сите релевантни субјекти, државните власти, невладиниот сектор и граѓанското општество во целост. Ни требаат активни граѓани кои ќе тежнеат кон заеднички развој во континуитет на предложените активности.

Кога беше започната изборната кампања одредени механизми за манипулација беа присутни но со помал интезитет од претходните изборни процеси одржани во Македонија. Во исто време забележавме дека Ромската заедница се подобрува со многу спори чекори во поглед на нивото и процентот на прашањата поврзани со изборите, највеќе поради тоа што се неписмени, збунети поради фактот дека се под притисок од различни субјекти поради нивните гласови. Во некои сиромашни Ромски населби, Ромите вообичаено земаат производи од продавници за да имаат храна преку целиот месец, и ги плаќаат производите на крајот на месецот. Ситуацијата што се одвиваше за време на изборната кампања беше следнава, сопствениците ги држеа личните карти на Ромската популација што биле на листат за заеми и влијаеле на популацијата за кого да гласаат на денот на изборите. Исто така примивме информација и индикации дека некои Роми не можат да го користат правото на глас бидејќи има недостаток од граѓанска регистрација и документи за сопственост.

Од друга страна Ромските гласачи се разочарани и не се мотивирани да гласаат бидејќи кандидатите што излегуваат на изборите секогаш имаат ветувано решавање на проблемите со кои тие се соочуваат, но по завршувањето на изборите тие се повторно заборавени. Тие изразија заедничко мислење кон Ромските претставници во државната власт, и бараа конкретно решение – лидер кој може да застане пред нив, за потребите на Ромската заедница личност што ќе се бори да ја подобри состојбата на Ромите.

Проектот е реализиран со поддршка од Roma Participation Program – Budapest.