Настанот на кој учестуваше НРЦ и О.У. „Браќа Миладиновци“, н.м. Миладиновци е организиран од страна на Центарот за Интеретнички дијалог и Толеранција „АМАЛИПЕ“ од Велико Тарново Р. Бугарија.
Од 06 до 08 јуни Националниот ромски центар го посети Велико Тарново, Република Бугарија каде што по единаесетти пат се одржа ромскиот детски фестивал „Отворено Срце“. Настанот е организиран од страна на Центарот за Интеретнички дијалог и Толеранција „АМАЛИПЕ“ од Велико Тарново Р. Бугарија. На фестивалот учествуваа над 1800 деца од преку 100 училишта и танцови групи и гости од Шпанија, Унгарија, Романија, Грција и Македонија. Македонија ја претстави Основното Училиште „Браќа Миладиновци“ од н.м. Миладиновци, Општина Илинден со сплет од ромски песни во кореографија на наставникот по музичко образование, Јовче Петковски.
На фестивалот покрај музичко танцовото претставување на училиштата и танцовите групи имаше организирано и креативни изложби на детски цртежи, традиционални ромски занаетчиски изработки од Р.Бугарија, традиционални ромски јадења кои беа приготвувани на самиот фестивал и др, а на сите учесници им беа поделени информации и билети за музејот на восочни фигури и други спомен места. Традиционално беше организиран настанот „Звукот и Светлината“.
[post_gallery]