Времетраење: 01.10.2013/01.10.2014

Финансиска подршка: Фондација Институт Отворено Општество

Буџет: 14.083 УСД

Цели на проектот

Генерална цел на проектот е да направи линк помеѓу перспективите за пристап кон ЕУ, поточно пред-пристапните фондови со политиките за вклучување на Ромите. Ова ќе го овозможи воведувањето на ромското движење во развојните процеси на регионално, национално и ЕУ ниво. Дополнително ова води кон соодветна рефлексија на овие процеси во програмирањето на ИПА 2.

Целите на проектот ќе бидат остварени преку професионален тренинг за група ромски активисти кои ќе имаат можност да ги зајакнат сопствените капацитети во поглед на локални и национални трендови за ЕУ проширувањето.

Опис на проектот:

Активности:

– Организирање тренинг согласно потребите на ромските здруженија

– Помош за здруженијата во развивање на предлог проект

– Помош на здруженијата за пишување на документ за јавна политика, што ќе им послужи како алатка за застапување

– Организациско преструктуирање

– Сертификација

Резултати:

– зајакнати капацитети за разбирање на ЕУ фондовите (ИПА и програмите на Унијата) преку тренинг скроен според потребите на учесниците,

– подобрени вештини за мониторинг и застапување на претставници на ромското граѓанско општество за да можат критички да го мониторираат пристапниот процес кон ЕУ и да влијаат на областите кои ги засегаат Ромите,

– развиена стратегија за професионален организациски развој преку развој на организациска рамка соодветна со агендата за проширување на ЕУ.