Оваа активност на НРЦ е дел од Акционата недела на ФАРЕ „Фудбал против расизам во Европа” и се оддржува од 15ти до 29ти октомври низ Европа


На 27 октомври 2013 година, Националниот ромски центар ќе земе учество на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК ЕУРО МИЛК Скопје и ФК Пелистер Битола кој ќе се оддржи на стадионот „Борис Трајковски” во Скопје, во 13.00 часот.

Оваа активност на НРЦ е дел од Акционата недела на ФАРЕ „Фудбал против расизам во Европа” и се оддржува од 15ти до 29ти октомври низ Европа.

На натпреварот активистите на НРЦ ќе поделат промотивни материјали на присутните на натпреварот со кои ќе ја информираат јавноста за вредностите кои ги промовира ФАРЕ, односно ќе пренесат порака за антидискриминација, социјална инклузија и толеранција.