Преку проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги“ НРЦ организираше средби со претставници од здравствени установи и здруженија со цел да се согледаат сознанијата и аргументите содржани во правна анализа и финансиска проценка, со цел да се застапува за еднаков пристап до здравствените услуги за економски ранливите категории

Заради подобро согледување на актуелните состојби и можностите за пристап до антенатални услуги, како и предизвиците и пречките што се појавуваат кај економски загрозените жени во репродуктивниот период, Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово, во рамките на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги“, организираше тркалезни маси „Антенаталната заштита во Република Македонија – можности и предизвици“.

На тркалезната маса организирана во Штип на 20.09 присуствуваа доктори, гинеколози, директори на болници, претставници од Центрите за јавно здравје, здравствени медијатори, здруженија и новинари од Штип, Кочани и Битола.

На тркалезната маса во Скопје, што беше организирана на 01.10 и на која присуствуваа претставници на здравствени установи и здруженија од Скопје, Куманово и Крива Паланка, беа разгледани сознанијата и аргументите врз чија основа НРЦ се залага за жените кои се бремени, здравствено осигурани, способни за работа, но не се материјално обезбедени и се под социјален ризик, да бидат ослободени од партиципативни трошоци за антенатални прегледи.

Деталниот извештај и препораките од двете тркалезни маси ќе бидат објавени на www.ednomagazine.com

[post_gallery]