Националниот ромски центар во рамките на проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани рурални заедници”, организираше национална конференција на тема „Патот до социјална инклузија на младите Роми – желби и можности”. Проектот е финансиран од Европската Комисија и се имплементира во партнерство со Центар за меѓуетнички дијалог и толеранција „Амалипе” од Велико Трново, Р. Бугарија и Лига Про Европа од Таргу Муреш, Романија.

Целта на оваа конференција беше актуелизирање на политиките за поголема ефикасност при социјална инклузија на млади Роми од маргинализирани рурални заедници.

Проектот е насочен кон развој, тестирање и оценување на општествено оригинален пристап за борба против социјалното исклучување на младите луѓе во рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија, со посебно внимание на младите луѓе од маргинализираните ромски заедници. Проектот претпоставува дека причини за социјално исклучување не се само сиромаштијата и недостигот на демократски традиции, но исто така и отсуството на социјални структури во рамките на локалните заедници. Проектот промовира развој на Центри за поддршка во заедниците и други оригинални форми на социјални услуги во маргинализирани рурални ромски заедници. Во рамките на проектот се основани и методолошки поддржани четири центри за поддршка во заедница во Бугарија, еден во Романија и еден во Македонија.

 

[post_gallery]