Во времетраење од три месеци, 21-годишниот Arthur Resve, постдипломец на студии за Мир и Конфликт на Универзитетот во Кент во Кантербери (Велика Британија) и на Филипс Универзитетот во Марбург (Германија) беше практикант во Национален ромски центар.
„Практиканството во НРЦ беше еден од условите во мојата програма. Тоа за мене беше можност да научам повеќе за проблемите со кои се соочуваат Ромите во Источна Европа, нешто што ми е потребно за мојата постдипломска дисертација”, рече Arthur и додаде:
„Практиканството беше непроценлива можност да го искусам животот во нова земја и култура. Работата во НВО е аспект што високо се цени за моја лична корист и на пазарот на труд”.
Имајќи ја во него волјата да открие нешто ново и да собере прелиминарни податоци за неговата работа, тој вели дека почнал да бара организации во Централна и Источна Европа – регион кој отсекогаш го привлекувал.
„Контактирав неколку ромски и организации кои работат на човекови права во регионот. НРЦ беше една од нив. Тогаш добив позитивен одговор од нив и мотивиран од мојата љубопитност, ја прифатив понудата и почнав да го планирам моето пристигање и престој во Куманово”, се сеќава Arthur.
Позитивно изненаден
Тој вели дека работниот период поминат во НРЦ дефинитивно бил важно искуство за него.
„Она што го очекував од работата беше формулирано од моето претходно работно искуство од два месеци во Human Rights NGO во Литванија. Но сепак, овде имав комплетно различни работни задачи. Имав можност да бидам вклучен во подготовка на предлог проект; ги следев сите стапки на оваа задача, од прелиминарното собирање на податоци до изработката и буџетот. Подобро го разбрав процесот при апликација за грантови и специфичните побарувања од донорите за можните проекти” коментира тој.
Понатаму, со неговото вклучување во други проекти, Arthur вели, научил за работењето на граѓанските организации, за финансиските аспекти, мониторинг и евалуација на проекти, како и комуникацијата во организацијата. Разбирањето на практиката на сите овие димензии на НВО-то е пренослива вештина која дефинитивно ќе му користи во иднина.
Arthur доаѓа од Париз. И иако во последните неколку години ромското прашање во Франција е на маргините, тој признава дека не знае многу за ситуацијата.
„Имав кратка соработка со Secours Catholique – НВО од Caritas Network, кои имаа проект во врска со ромските населби околу Париз. Но, ситуацијата во Франција е различна од таа во Македонија од повеќе аспекти. Ако предрасудите и стереотипите се широко распространети, тие најчесто се однесуваат на ромските имигранти кои најчесто доаѓаат од Романија и Бугарија, и ова води до различно разгледување на проблемите, затоа што луѓето не ги разликуваат Ромите со луѓето од Романија и сите се дискриминирани. Исто така, државата законски не ги признава етничките малцинства и ги забранува сите политики кои се ориентирани кон одредена група”, вели Arthur.
За прв пат, тимот на НРЦ имаше можност да биде домаќин и да ја отвори организацијата за практиканти од странство.
„Arthur се вклопи одлично во нашиот тим. Можеби затоа што се стремиме кон исти работи: хуманост, недискриминација на било која основа, солидарност, самореализација, итн.”, изјавија членовите на Национален ромски центар.
[post_gallery]