Проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” има општа цел да промовира еднаков пристап до здравствена заштита особено во антенаталниот период за жените со финансиски потешкотии со посебен осврт на жената Ромка. НРЦ низ своите активности се залага за имплементација на македонскиот Закон за здравствена заштита, кој гарантира здравствени услуги за сите жени. Воедно се застапуваме пред здравствените институции во Република Македонија да креираат политики и кои ќе овозможат еданков пристап на здравствени услуги од антенатална заштита за сите жени во репродуктивен период.


Донатор: Фондација Отворено Општество Македонија

Времетраење на проектот: 20.12.2012– 20.12.2013

Опис:

Во 2011 год, НРЦ спроведе теренско квалитативно истражување со Ромски жени  во 10 фокус групи во Куманово, Кр. Планка. Кочани, Штип и Битола. 25 интервјуа се направени со претставници на здравствените институции од сите нивоа на здравствена заштита во Р.М. Во таа насока документирвме повеќе бариери кои ги спречуваат жените Ромки како граѓани кои се социо-економски највулнерабилни, да имаат пристап до здравствени услуги во репродуктивен период особено антенатална заштита. Покрај нееднаквиот третман од страна на здравствените работници и неинформираноста на жените (во репродуктивен период) од 15-49  години за нивните права на здравствена заштита, економските потешкотии се идентификувани како една од најзначајните бариери. Поради овие причини жените не го користат правото да одат на редовни антенатални контроли.

Законот за здравствена заштита на Р.Македонија предвидува антенатални и постпартални услуги за сите жени, праксата покажува дека  и минималните суми кои бремените жени треба да ги платат, според ценовникот на ФЗОМ, се многу високи. Жените кои имаат финансиски проблеми или примаат социјалана парична помош не се во можност да ја покријат партиципацијата која треба да ја платат. Како секундарен проблем кој го идентификувавме во текот на нашето истражување е недостатокот на информации помеѓу жените за кои услуги колку се плаќа. Фондот за здравствено осигурување не наведува прецизни кои здравствени услуги се дел од бесплатниот здравствен пакет за време на антенатален и постпартален период. Резултат од ваквата појава е жените да партиципираат кон плаќањето на сите медицински тестови и прегледи, кои се задолжителни за време на бременост по различни цени, што е додатен проблем за економско вулнерабилните жени. Онаа што  исто така додека породувањето е бесплатно во државните болници, во случај на компликации после породување, жените кои остануваат во болница повеќе од 24 часа треба да платат како за редовен престој во болница.

Цел на проектот:

Главна цел: Застапување во Министерството за Здравство во соработка со Фондот за здравствено осигурување за да се укине партиципацијата за антенатални услуги за економски вулнерабилните бремени  мајки (примателки на социјална помош од 15- 49 години).

Специфични цели

Застапување за да се крира пакет на бесплатни антенатални и постпартални услуги за жени во тешка економска положба.

НРЦ да поттикне јавна дебата за слабостите на сегашната правна рамка за здравствена и социјална заштита и ќе предлага ревизија на истите.

Генерирање на интернационален притисок на македонските здравствени авторитети за да обезбедиме еднаков пристап за Ромските жени до здравствената заштита.

[post_gallery]