Општата цел на проектот е Да придонесе во подобрување на ефикасноста и достапноста на бесплатната правна помош преку истражување, јакнење на капацитети и стратешко водење на постапки.

Донатор: Фондација Отворено Општество Македонија

Времетраење на проектот: 01/01/201331/12/2013

Опис: Проектот е насочен кон придонес во подобрување на ефикасноста на механизмите за олеснување на пристапот до правдата за сиромашните граѓани и ранливите категории на  граѓани, а особено за припадниците на ромската зедница преку подобрување на стандардите во обезбедување правна помош и препораки засновани на анализи. ЗНРЦ залагајќи се за доследност во принципот на владеење на правото во сите домени на општеството и  застапувајќи ги пред и се интересите за партиципација на припадниците на ромската зедница покрај обезбедувањето на правна помош на оваа ранлива категорија граѓани, влучително и сите граѓани на кои им е тоа потребно, сака  користејќи ги своите доегашни практични искуства активно да придонесе во подобрувањето на системот на бесплатна правна помош.

Зајакнување на капацитетот на здружението како дел од Мрежата за БПП како пружател на претходната правна помош, како и зајакнување на капацитетот на Мрежата за БПП, одржливост во смисла на исполнување на законските услови што е потребно да ги исполни, обезбедување на претходна правна помош на граѓаните, обезбедување на правна помош на одбиените баратели на бесплатна правна помош, идетификација на случаи за стратешко водење на постапки, како и нивно водење се едни од суштинските цели. Понатаму  ЗНРЦ има за цел да ги лоцира слабостите и пречките во имплементација на Законот за бесплатна правна помош, да дава предлози за измена на законската регулатива од областа на пристапот до правда засновано врз истражување и анализа да ја подобрува информираноста на граѓаните за законот за бесплатна правна помош и останатите механизми за ослеснување за пристапот до правда како и да ја подобри соработката помеѓу чинителите во системот на бесплатна правна помош (Министерство, судови, управни органи, здруженија, како и самите граѓани како корисници  на услугите). Сите овие цели ќе бидат спроведени преку пристап на набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош,  изработка на Анализи на пристапот до правда во Р.М и примената на ЗБПП, изработка на документи за јавна полтики, преку активна на промоција на бесплатната правна помош меѓу граѓаните преку одржување на веб страната pristapdopravda, информативни летоци, и се разбира преку постојано обезбедување на бесплатна правна помош на граѓаните.

Партнери во проектот се Македонско здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, Младински културен центар (МКЦ) Битола, РОМА С.О.С  Прилеп, Ехо Штип и Избор Струмица.

Цел на проектот:

Општа цел

Да придонесе во подобрување на ефикасноста и достапноста на бесплатната правна помош преку истражување, јакнење на капацитети и стратешко водење на постапки.

Посебни цели

– Да предложи подобрување на законската регулатива од областа на пристапот до правдата преку препораки и документи за јавна политика засновани на истражување, анализа и консултации

– Да се подобри информираноста на граѓаните за ЗБПП како и за останатите правни прашања кои се важни за олеснување на пристапот до правдата

– Да се идентификуваат и анализираат елементите на правниот систем кој го отежнуваат пристапот на правда за граѓаните во Р.М.

– Да обезбеди правна заштита за лицата кои ќе бидат одбиени во нивното барање за бесплатна правна помош

– Да се зајакнат капацитетите на мрежата за бесплатна правна помош за овозможување на квалитетна претходна правна помош за барателите

[post_gallery]