Со поддршка на Ромската здравствена програма (РЗП) од Будимпешта и Пресметливост и мониторинг – Здравствена Иницијатива (ПМЗИ) од Њујорк, oд декември 2010 НРЦ ја реализира проектната активност „Нееднаквости во здравството кон Ромките“.

Според стратешкиот план на НРЦ 2010-2015 една од областите во кои делува НРЦ е прашањето на здравствoто, со акцент на жените Ромки и здравствени нееднаквости со кои се соочуваат.

Стратешки приоритети во областа на здравствената програма на НРЦ се:

Застапување за (1) прогресивна реализација на правото на здравје; (2)  навремени и квалитетни услуги за Ромките.

Подигање на здравствената свест и информирање за користа од здравствените услуги на Ромките.

Проектните активности се насочени кон иницирање на афирмативни акции за пристап до здравствените услуги за Ромките во репродуктивен период.

Целна група на активностите се жени од 15-45 годишна возраст од: Куманово, Кр. Паланка, Кочани, Штип и Битола.

НРЦ во наредниот период ќе работи на истражување и застапување, преку идентификување на проблемите од терен и нивно транспонирање до надлежните институции. Се со цел да резултираат со подобрени решенија, услови и практики за еднаков пристап до здравствените услуги за Ромите.

[post_gallery]