Проектот ги посочува услугите кон ромската заедница, кои се однесуваат на итната и неопходна потреба од обезбедување на лични документи.

Националниот ромски центар структурно и систематски работи на прашањето на личната регистрација на граѓански статус на ромската заедница. НРЦ цели кон елиминирање на високите стапки на нерегистрирани во Македонија, помагајќи во процедури за аплицирање за регистрација со цел да им се овозможи активно да учествуваат во општеството.

Главната активност на информативна кампања за граѓанска регистрација за припадниците на ромската заедница е да обезбедат информации во самите ромски населби за вредноста на граѓанска регистрација и за процедурите кои мора да се следат, според новите законски одредби и да се информираат јавните службеници за нивните обврски во однос на странките, како и уписот на новите раѓања.

Резултатите од кампањата се насочени кон зголемување на свесноста на популацијата за регистрацијата и главната цел е да се зголеми регистрацијата на Роми со цел да се регулира нивниот статус.

НРЦ имплементира проектни активности за прашања поврзани со лична граѓанска регистрација во градовите во Македонија – Скопје (освен општината Шуто Оризари), Виница, Крива Паланка, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Прилеп, Велес, Кочани, Кавадарци, Битола и други градови по потреба.

Причините идентифицирани за време на другите проекти за нерегистрација на ромските родители и нивните деца беа:

  • комплексни процедури за најновите промени за лични карти и регистрирање на деца по статуторниот период од датумот на раѓањето, вклучувајќи ги потребите за родителите да достават поддржувачки документи или сведоци за потврда на идентитетот на нивното дете;
  • трошоци поврзани со новите лични карти и доцна регистрација, транспорт и други трошоци;
  • болници кои одбиваат да издадат документ кои потврдуваат дека детето било родено, бидејќи многу ромски мајки немаат здравствено осигурување и не можат да ги платат болничките такси;
  • потешкотии за родители да набават документи за деца кои се родени во странство од земјите кадешто се родени децата.

Проблемите со кои се соочуваат Ромите се толки големи, што ако не се справиме со коренот на маргинализацијата, не можеме ни да се надеваме да се зголеми партиципација на Ромите. Разрешување на таквите случаи може да биде долг, бирократски и често скап процес кој може да се одвива и до една година. Проблемите поврзани со граѓанска регистрација се појавуваат кога децата се раѓаат без валидни документи. Лицата исклучени од граѓанска регистрација немаат признаен идентитет од правниот систем и не се во можност да извршуваат правно валидни акти. Тие се исклучуваат од уживање на права и обврски. Немањето на официјален идентитет и други лични документи претставува пречка за Ромите и други маргинализирани групи да добијат пристап до реализација на права. На пример, несоодветна медицинска идентификација често води кон некомплетна вакцинација, особено за деца.

[post_gallery]