Целта на НРЦ е да се залага за надминување на локални, национални и интернационални потешкотии и бариери со кои се соочуваат Ромите и да продолжи да ги унапредува активностите во корист на Ромите во Македонија.
Нашата задача е да бидеме ромски глас во институциите на национално и интернационално ниво и да промовираме еднакво учество на Ромите во општеството.
Национален ромски центар ја продолжи својата работа со заедниците во 15 градови. Работевме на охрабрување на Ромите во остварувањето на нивните права согласно законот. Тоа придонесе да се здобиеме со јасна и реална слика за активното учество на ромските деца во основното образование во 15 градови, каде што работевме на предуписниот период, почетокот на учебната година и редовноста на учениците.
Наши директни корисници се Ромите, но за да креираме позитивна атмосфера ние обезбедивме асистенции и за не-ромските граѓани. Секојдневно во канцеларијата за правна помош се обраќаат околу 50 граѓани. НРЦ асистира во вадењето лични документи, пристапот до здравствените институции и сл.
НРЦ од почетокот на ромската Декада работи на активности што се директно поврзани со Декадата. Активностите на НРЦ кои се однесуваат на застапување, бесплатна правна помош, здравје, образование, лична документација се дел од процесот на Декадата.