Работната средба беше организирана во рамките на проектот „Легализација на ромското домување во Македонија“

Средбата со теренските фасцилитатори ангажирани во проектот „Легализација на ромското домување во Македонија“ се одржа на 22.07.2013 година во Куманово.

На средбата беа разменети значајни информации за теренските активности и фактичката состојба со тековниот процес на легализирање на бесправно изградените објекти. Седумте фасцилитатори од Куманово, Шуто Оризари, Штип, Кочани, Тетово и Прилеп ги презентираа нивните одговорности, како и предизивиците со кои се соочуваа во досегашната работа од август 2011 година. Заедно со проектниот тим на НРЦ и асистентите од Ресурсниот центар беа разгледани резултатите од досегашната работа, како и можните решенија на постојните проблеми.

НРЦ го имплементира проектот „Легализација на домувањето за Роми“ во партнерство со Хабитат Македонија и со финансиска поддршка од ФООМ – Македонија. Целта на проектот е да им помогне на ромските семејства во 6 општини да ги легализираат бесправно изградените објекти и со тоа да го остварат своето право на домување.

[post_gallery]