Активноста беше реализирана во рамките на проектот „Промоција на социјална инклузија на млади од маргинаризирани рурални заедници“.
Во почетокот на месец мај модераторите од Центарот за поддршка на заедницата учествуваа во подготовки и изработки на маски за ученици од треттите одделенија при Основното Училиште „Браќа Миладиновци“ заедно со наставниците и родителите. Активноста беше реализирана во рамките на проектот „Промоција на социјална инклузија на млади од маргинаризирани рурални заедници“.
Маските беа изработени по повод Јубилејниот десетти маскенбал „Батко Ѓорѓија“ 2013 што се оддржа на 10-ти мај. На манифестацијата учествуваа деца од градинките, ученици од основните и средни училишта, како и гостите од Струмица. За разлика од поединечните, групните маски ги имаше во многу поголем број.
Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ се одржува десетта година по ред под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
[post_gallery]