На 03 и 04 април 2013 година, НРЦ и ERRC го оддржаа тренингот на тема „НЕ за училиштата со посебни потреби за децата Роми”. На тренингот присуствуваа 35 лица од 12 града од Македонија (Куманово, Скопје, Охрид, Велес, Гостивар, Тетово, Штип, Кочани, Пехчево, Прилеп, Битола, Делчево).

 
Статистиките на ЕРРЦ јасно покажуваат дека постои голема застапеност на ромски деца во училиштата за посебни потреби во Македонија. Во регуларните училишта кои имаат само 2 паралелки за посебни потреби, статистиките покажуваат дека околу 50% од тие деца се Роми. Ѓорѓе Јовановиќ од ЕРРЦ го претстави видеото “No to Special Education for Roma”. Целта е да се намали бројот на децата Роми кои се во паралелките за посебни потреби, а не припаѓаат таму.  Тие деца се обележани за цел живот, не можат да се запишат на саканиот факултет и средно училиште.

Љупчо Спасовски, поранешен раководител на сектор основно и средно образование посочи дека децата се категоризирани од Министерството за здравство, а Министерството за образование ги запишува во соодветно училиште. Не се превземаат мерки за враќање на децата и за давање на помош за да продолжат во регуларно училиште. Тој кажа дека треба да се зборува за деца со ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ, што е различно од ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ.

Презентацијата беше интерактивна, со многу прашања од присутните до предавачите.

Низ презентацијата на Елена Готовска, од БАСМЕ се дискутираше за правилни начини на комуникација, комуникациски бариери, конфликти и начин за справување со нив, перцепција, стереотипи, предрасуди, техники на застапување и лобирање.

Предлозите што произлегоа од оваа дискусија се активистите да одат на терен, да им објаснат на родителите каква информација им даваат со брошурата и дека не треба да се гледа користа од одење на детето во паралелки за посебни потреби, туку да се убеди родителот да не го праќа детето таму.

[post_gallery]