Студенти од училиштето Plantijn www.plantijn.be од Анверпен, Белгија ги согледуваат методите за работа во ромската заедница во Македонија
На иницијатива на студенти од училиштето Plantijn www.plantijn.be од Анверпен, Белгија кои студираат на оддел за социјална работа се одржа средба во Национален ромски центар. На средбата беа разменети искуства за теренската работа во ромските заедници. Четирите студентки Лајла Хамоуди, Џули Бекерт, Шана Леонард и Лаура Марсол дојдоа во НРЦ со цел да ги согледаат методите што се употребуваат во Македонија во работата со Ромите и да ги интегрираат во нивната идна дејност како социјални работници во Белгија. Тие се во последната година од нивните студии и треба да подготват дипломска работа за непланираните бремености кај младите Роми.
Нивните импресии од посетата на НРЦ се дека организацијата има големо искуство во работата со Ромите и дека различните погледи се многу значајни во работата со луѓето.
[post_gallery]