Скопје и Будимпешта, 29 септември 2008 – Македонија би можела да биде водечки модел
за вклучување на Ромите , со нејзината посветеност на мултиетничката демократија.
Сепак, кога станува збор за образованието, има многу малку достапни информации за
учеството на Ромите и нивните достигнувања така што не постои начин да се
покажат резултати, добри или лоши. Всушност, достапните информации сугерирараат
дека децата Роми најчесто не го завршуваат образованието, а ониe кои ќе го завршат
немаат стекнато вештини кои им се потребни во наоѓањето работа после
матурирањето. Како членка на “Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“ Македонија
им се придружи на меѓународните напори да се идентификуваат проблемите со кои се
соочува ромската заедница а работата на граѓанските општествени групи е фокусирана
на приближувањето на ромските заедници до училиштата. Со вистинска посветеност,
Маедонија се уште има можност да покаже вистински напредок во образованието на
Ромите.

Ова се главните заклучоци вклучени во извештајот Еднаков пристап во квалитетно
образование за Ромите во Македонија од мониторингот на Институтот Отворено
општество. Соединувајќи ги постоечките истражувања на оваа тема како и изнесувајќи
нови податоци, извештајот претставува детална слика за образованието на Ромите. Три
истражувања на оваа тема, кои ги покриваат Гостивар, Шуто Оризари и Штип, откриваат
важни детали за локалните искуства и покажуваат што значи националната политика за
актуелните заедници. Извештајот беше подготвен од тим на локални експерти: Горан Јанев
и Аница Драговиќ од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, со
истражувачка подршка на активисти Роми Реџеп али Чупи, Ибрахим Ибрахими и Сабина
Мустафа.

Извештајот на Институтот Отворено Општество ги има обработено најзначајните податоци
кои што се достапни, кои пак покажуваат дека Ромите се во многу полоша состојба од
останатото население. Според некои проценки, половина од децата Роми рано го
напуштаат училиштето а според некои истражувања скоро 25% од Ромите се
необразовани. Извештајот, меѓутоа, предупредува дека многу извори на податоци се
несигурни. Дури и бројот на Ромите во земјата е спорен, со огромни разлики помеѓу
проценките.

Една област за која се навистина потребни податоци се однесува на специјалните
училишта за деца со интелектуална попреченост. Според Ашмет Елезовски, претседател на
Националниот Ромски Центар, здружение на граѓани домаќин на денешниот настан, „иако
постојат тестирања според законот за одредување дали детето треба да се смести во
специјално училиште, некои ромски деца се ставаат во овие училишта само поради јазична
или културолошка бариера, а не поради (интелектуална) попреченост“. Извештајот
советува Министерството за образование и наука да превземе детално истражување на
специјалните училишта за да утврди колку ромски деца се со погрешна дијагноза.
И покрај законот за употреба на јазиците на малцинствата во земјата, ромските деца од
неодамна имаат можност да учат на својот мајчин јазик во Македонија. Почнувајќи од
2008-2009 година, Ромскиот јазик ке биде достапен како изборен јазик во основните
училишта, многу значаен чекор напред во признавањето на специфичните потреби и
интереси на Ромските деца во образованието.

Предучилишното образование е особено важно за децата Роми, но во Македонија има
бариери во запишувањето кои некои ромски семејства не можат да ги надминат.
Трошоците за предучилишното образование се често премногу високи за сиромашните
ромски семејства. Без виталните подготовки кои ги обезбедува предучилишното
образование, децата Роми обично се соочени со поголем напор во училиштето и поголема
е веројатноста дека ке се откажат.

Трите студии на оваа тема на проектот, исцрпни истражувања спроведени во различни
локални заедници, покажуваат како организациите на граѓанското општество ивршуваат
важна работа во донесувањето на децата Роми и нивните семејства во образовниот систем.
Во Македонија, невладините организации работат за да им помогнат на децата да се
запишат на училиште, да им дадат шанса на родителите да се вклучат во училишните
случувања, и да ја зголемат свесноста за важноста на образованието. Министерството за
образование и наука треба да соработува со невладините организации во креирањето на
понатамошни стратегии и програми кои ќе ги подобрат образовните можности за Ромите.
Владата не може да ги игнорира проблемите со кои се соочуваат децата Роми во
училиштето и недостатокот на податоци не можат да го сокријат фактот дека овие
проблеми влијаат не само на Ромите туку и на целото македонско општество.

Забелешки за издавачите

Мониторингот Еднаков пристап до квалитетно образование за Ромите е меѓународен
проект кој покрива осум земји учеснички во Декада за вклучување на Ромите 2005-2015.
Мониторингот беше спроведен од страна на Програмата за мониторинг и застапување на
ЕУ на Институтот Отворено Општество, во соработка со Програмата за подршка на
образованието на и Програмата за учество на Ромите . Истражувањето беше спроведено од
страна на локалните НВО партнери во секоја земја. Целиот текст од извештаите на
англиски и во превод се достапни на http://www.eumap.org. Повеќе информации за
Институт Отворено Општество можат да се најдат на http://www.soros.org.
Извештајот за Македонија е претставен во соработка со македонскиот Национален Ромски
Центар. Националиот Ромски центар (НРЦ) е организација базирана на граѓански и
човекови права, со цел да се бори против анти-ромскиот расизам, и злоуботребата на
човековите права против Ромите. НРЦ преставува и стимулира активно учество и
вклучување на Ромите согласно со принципите на модерното мултиетничко европско
општество. Повеќе информации се достапни на http://www.nationalromacentrum.org

Превеземи Roma-Ed-Macedonia-Press-Release-6-MK.pdf