На 15ти март 2013 година, НРЦ учествуваше на конференцијата за пилот проектот за ромска инклузија „Од пилот проект до резултати”


Конференцијата беше организирана од страна на Програмата за развој на Обединети Нации во соработка со Генералниот Директорат за регионална и урбана политика на Европската Комисија и Светската Банка.

Конференцијата се фокусираше на лекции базирани на факти за социо-економската инклузија на ромските заедници. Беа сумирани резултатите од тригодишниот проект, поддржан од Европскиот Парламент кој ја таргетира ромската социо-економска инклузија  и имплементирањето на полињата на рана едукација и грижа, самовработување преку микрокредити, подигање на информираност и свест, собирање на податоци и алатки за мониторирање и евалуација во пет земји членки во ЕУ и Македонија.

Ашмет Елезовски ја имаше можноста да ги слушне презентациите и дискусиите, како и да даде свое мислење на оваа конференција. Тој упати свој позитивен коментар на излагањето на г-н Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата за ромска иницијатива, Фондација отворено општество, на чиј коментар се придружија и останатите колеги учесници на овој настан: Надир Реџепи, Костел Беркус, Валериу Николае и други.

“Добри се и анализите и присуството на пратениците и експертите, меѓутоа: зошто нема видливи резултати од целава оваа работа во ромските населби? Проблемите се зголемуваат, бариерите спрема ромската заедница од најрана возраст исто така се зголемуваат, здравствената состојба е се полоша, постои селективна дискриминација за слободата на движењето, дискриминацијата е видлива и добива се понегативни форми, антициганизмот спрема Ромите е многу болен. Кога ќе започнат активностите и ефектите од проектите  со поголема имплементација од 80% директно во ромските населби? Не велам дека сега нема резултати, но време  е да нé сфатите сериозно, зошто ние Ромите бараме квалитетно вработување кое може да придонесе за подобра иднина на Ромите”.