Преку интерактивна комуникација и работа во групи 20 млади Роми се стекнаа со техники и вештини при вработување

На 15.03.2013 година беше одржана работилница за Техники и вештини при барање работа во рамките на проектот „Промоција на социјална инклузија на младите луѓе од маргинализираните рурални средини“ кој се имплементира во партнерство со Центарот за меѓуетнички дијалог и толеранција „Амалипе” од Р. Бугарија.

На работилницата учествуваа 20 млади Роми кои се стекнаа со техники и вештини при вработување: професионална ориентација, начини за поефектно барање работа, пишување CV и мотивациско писмо и лична презентација кај работодавачите. Обучувачите Љубица Гроздановска и Александар Димишковски користеа интерактивна комуникација со учесниците и метода на работа во групи.

[post_gallery]