Врз основа на член 24 од Законот за здруженија и фондации (Сл. весник бр. 52/2010 и сл. весник бр.135 од 03.10.2011) и член 25 од Статутот на Здружението „Национален ромски центар“ и на предлогот за свикување Годишно собрание на здружението поднесено од член на Извршниот одбор до Претседателот на Собранието, се свикува
Редовно Годишно Собрание
на Здружението „Национален Ромски Центар” за 2013 год.
со следниот дневен ред:
- Усвојување на дневниот ред и усвојување на записниците од вонредното годишно собрание одржано на ден 11. 01. 2013 год;
- Предлог за донесување на нов Статут на НРЦ, со предлог на Статут;
- Избор на Претседавач на Собрание;
- Разглeдување и усвојување на годишен извештај за работата на НРЦ (финансиски-наративен);
- Предлог за донесување на деловник за работата на Собранието со предлог деловник;
- Избор на членови на Управен Одбор;
- Предлог за донесување на деловник за работата на Управниот Одбор со предлог на деловник;
- Предлог за изменување и дополнување на Стратегијата за работа на НРЦ, со предлог измени и дополнувања;
- Разно
Се повикуваат сите членови на Здружението да земат учество на редовното годишно собрание кое ќе се оддржи на ден 22.02.2013 година во 14.00 часот, во Хотел „Порта“ на ул. „Владимир Комаров” ББ Скопје, во населба Аеродром до продавницата на Вучко. Учество на Годишното собрание членовите можат да земат преку телефонска или друг вид на конференциска врска.
Претседател на Собранието