Мрежата на здруженија кои обезбедуваат бесплатна правна помош го промовираше веб порталот www.pristapdopravda.mk
Порталот има за цел промоција на бесплатната правна помош како инструмент за овозможување еднаков пристап до правда за сиромашните граѓани како и олеснување на пристапот до правда за граѓаните преку овозможување на јасни и разбирливи упатства за решавање на правните проблеми кои ги засегаат граѓаните.
Pristapdopravda.mk содржи упатства за начинот на остварување на правото на бесплатната правна помош, основни информации за најчестите правни прашања со кои се соочуваат граѓаните како и опис на трошоците за водење на постапки во македонскиот правен систем. Pristapdopravda.mk овозможува интерактивност преку опцијата за директно поставување прашања на кои ќе одговара тим од стручни и искусни правници.
Pristapdopravda.mk е наменет за сите граѓани кои имаат потреба од информациите кои ги содржи со посебен фокус на граѓаните со потешка материјална положба и припадниците на ранливите категории граѓани.
Pristapdopravda.mk е резултат на заедничката работа на мрежата на здруженија за бесплатна правна помош која ја сочинуваат: Македонското здружение на млади правници, Националниот ромски центар – Куманово, Рома С.О.С Прилеп и Младинскиот културен центар – Битола, ЕХО од Штип и Избор од Струмица.
Pristapdopravda.mk е активност на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван во соработка и поддршка од Фондацијата Отворено опшество Македонија ФООМ кој има за цел да придонесе во зголемување на ефикасноста на националниот систем на бесплатна правна помош.