Целта на првиот конгрес на ROMED е да се подобри квалитетот и ефикасноста на работата на образовните, здравствените и медијаторите за вработување

ROMED – првиот конгрес на ромски медијатори од Совет на Европа и Европска комисија се одржа на 17-18 јануари 2013 во хотелот Crowne Plaza во Брисел. На настанот учестуваа: еврокомесарот Androulla Vassiliou од Советот на Европа, генералниот секретар за прашањата на Ромите Jeroen Schokkenbroek, официјални лица од Европската унија,Советот на Европа, Фондацијата Отворено општество, Ромскиот образовен фонд, УНЕСКО, ОБСЕ/ОДИХР, ромски медијатори и обучувачи кои им дадоа поддршка на повеќе од 250 Роми од 20 земји. На конгресот учестуваше Мартина Асановска, образовен медијатор од Национален ромски центар.

Главната цел на ROMED е да се подобри квалитетот и ефикасноста на работата на образовните, здравствените и медијаторите за вработување, со цел да се одржи подобра комуникација и соработка меѓу Ромите и јавните институции (училиштата/здравствените институции/центрите за вработување).

[post_gallery]