Ромите и правото на слободно организирање, партиципација, едукација и учеството во јавниот живот беа темите на кои се дискутираше за време на посетата

На 17 Декември 2012 година во канцеларијата на Националниот ромски центар се оддржа состанок со претставници од Шведската амбасада во Македонија. На состанокот присуствувуваа: Ашмет Елезовски и Себихана Скендеровска (НРЦ) и Ментор Кадриу, програмски директор и Микаел Савески, приправник во Шведската амбасада.

Тема на разговор беа активностите на НРЦ, состојбата на Ромската популација во Македонија и Декадата на Ромите, како и националната стратегија на Македонија.

НРЦ им се заблагодари на претставниците на Шведската амбасада за досегашната поддршка и напор кои ги имаат пружено во врска со прашањата на Ромите на Балканот и во Европа.

НРЦ ја искажа потребата да се покрене иницијатива за дијалог помеѓу ромски и не-Ромски претставници од институциите во Македонија и амбасадите за актуелната состојба на Ромите во Македонија. Беа разменети информации за ситуацијата која е влошена, затоа што движењето на Ромите надвор од границите е ограничено и постои политика на селективна дискриминација.

[post_gallery]