Од 7-10 ноември претставник од НРЦ учествуваше на Европската конференција за Јавно здравје во Малта организирана од страна на Европската Асоцијација за Јавно Здравје

Европската конференција за јавно здравје има за цел да даде придонес во подобрување на јавното здравје во Европа нудејќи средства што ќе овозможат ефективна размена на информации, да креира простор за дебатирање помеѓу истражувачи, креатори на политики и професионалци од областа на јавно здравје во Европа.

Себихана Скедеровска од НРЦ на конференцијата имаше постер презентација на тема: „Имплементација на политики кои ги таргетираат Ромките во репродуктивен период”, резултати од теренско истражување.

Истражувањето имаше за цел да ги анализира политиките кои се однесуваат на репродуктивно здравје, како и нивото на искористеност на услуги во антенатален период од страна на жените Ромки.

На постерот беа презентирани методологијата и резултатите од реализирани десет фокус групи одржани во Куманово, Кр. Паланка, Кочани, Штип и Битола.

Низ табели и графикони се прикажани резултатите каде може да се види нискиот степен на искористеност на антенатални прегледи кај Ромките во петте града. 50% од учесничките не го користат своето право на репродуктивно здравје. Причини за оваа појава се високиот степен на неинформираност, административни и финансиски  проблеми, невработеноста, јазичната бариера и  предрасудите со кои се соочуваат Ромките од мнозинската заедница.

Како заклучок од истражувањето произлегува дека Ромките немаат информации за превентивните програми кои се финансирани од страна на државата. Причината се идентификува во недоволната транспарентност и видливост на овие програми. Поради тоа на Ромките им се оневозможува правото на репродуктивно здравје. Како втор проблем кој се појавува во искористеноста на овие права е и скриената дискриминација со која жените Ромки се соочуваат во секојдневниот живот.

European journal of public health

Eвропски журнал за јавно здравје


[post_gallery]