По повод Неделата против расизмот“ (15-27 октомври 2012) , Националниот ромски центар во соработка со FARE мрежата, на 16.10.2012 организираше информативна кампања.

Фудбалот е најголемиот спорт во Светот и ни припаѓа на сите нас. Секоја личност има право да игра, гледа и слободно да дискутира без страв.

Фудбал Против Расизмот во Европа – ФАРЕ – преку фудбалот се бори со сите форми на дискриминација: на стадионите, на игралиштата, во канцелариите и училниците од страна на фанови, играчи, менаџери, тренери, администратори или едукатори.

ФАРЕ мрежата е основана во февруари 1999 и со својата Акциона Недела обединува поддржувачи, клубови и луѓе кои се цел на расизмот низ контитентот прави напори да се уништи дискриминацијата. Акционата Недела на Фудбал Против Расизамот во Европа е мрежа која цели кон подигање на јавната свест за проблемите на расизмот и креација на обединет фронт за справување со ова малигно влијание во Европскиот спорт број еден.

Она што започна како мала кампања во девет земји во 2001 сега стана една од најголемите анти-расистички активности во овој спорт. Акционата Недела во 2008 постави рекордни 700 настани во 40 земји од Европа. Европските фудбалски ѕвезди даваат своја поддршка на кампањата. Сите 32 тима од УЕФА Лига на Шампионите учествуваа во кампањата „Обединети Против Расизам“ со што допреа до повеќе од 600 000 фанови, директно преку натпреварите и милиони преку преносите на телевизија. Бројот на професионалните лиги кои учествуваат во оваа кампања се зголеми до 14. Исто така и симболичните активности кои се организирани од страна на фудбалски здруженија и индивидуални клубови допруваат до повеќе луѓе секоја година.

Мрежата има активни партнери во  40 земји и соработува со фанови, играчи, мигранти и етнички малцински организации како и со УЕФА и ФИФА. Благодарение на ФАРЕ мрежата може да се забележи промена. Сепак проблемите со расизмот и дискриминацијата сеуште постојат на и вон теренот. Оваа сезона ФАРЕ мрежата цели кон охрабрување што повеќе групи од Јужна Европа да учествуваат во Акционата Недела.

По повод „Неделата против расизмот“ (15-27 октомври 2012) , Националниот ромски центар во соработка со FARE мрежата, на 16.10.2012 организираше информативна кампања. На плоштадот во Куманово беа залепени постери и поделени информативни брошури со значењето и цел на кампањата „Нeдела против расизмот“. Истата информација била пренесена до сите основни и средни училишта со цел да допринесе за намалување на стапката на дискриминација во сите сфери на општеството. Активностите се извршени од страна на членовите на НРЦ и младинскиот актив на организацијата, каде на крајот на неделата беше организиран пријателски натпревар во мал фудбал каде учесниците беа од различни националности и се одржа во ромската населба Средорек.

Игнорирање на расизмот е прифаќање на расизмот – застанете против тоа и приклучете и се на ФАРЕ Акционата Недела овој Октомври!

www.farenet.org

www.nationalromacentrum.org