Human Dimension Implementation Meeting OSCE се одржа во Варшава во периодот од 24.09 до 05.10

Средбата за спроведување на основните човекови права (HDIM) е најголемата годишна конференција во Европа за човекови права и демократија. Се организира секоја година од страна на Канцеларијата на ОБСЕ како платформа за земјите учеснички, партнерите, граѓанските здруженија, меѓународните организации и структурите на ОБСЕ

за да ги преземат акциите за спроведување на основните човекови права, да споделат добри практики и да даде препораки за понатамошни подобрувања.

Националниот ромски центар учествуваше во Сесијата за правото на домување, насилно иселување и ромските жени. Мартина Асановска, како претставник на Ресурсниот центар на НРЦ го презентираше проектот Легализацијата на домувањето за Роми како добра практика од Македонија.

Во оваа сесија се дискутираше за подобрување на состојбата на Ромите, регулирање на дивите населби каде што Ромите живеат со децении. Домувањето и условите за живеење беа една од приоритетните  области. Во некои земји Ромите се соочуваат со потешкотии за добивање на лични документи и дозволи за престој поради неформални живеалишта. Жените се особено погодени и дискриминирани врз основа на полот и етничката припадност, прекршување на нивното право во домувањето. Исто така ромските жени кои живеат во неформални населби во различни земји се борат за своите права и правата на нивните семејства.

[post_gallery]