Средбата послужи како преглед и оценка на проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани ромски рурални заедници“, реализиран од Центарот за меѓуетнички дијалог и толеранција „Амалипе“ (Бугарија), Национален ромски центар (Македонија) и Лига про Европа (Романија) во рамките на програмата „Прогрес“ на Европската комисија.

Експерти од Генералната дирекција „Вработување, социјални прашања и еднакви можности” на Европската комисија, заменици-министри за труд и социјална политика и претставници на Владите на Бугарија, Македонија и Романија, претставници на општинските власти и ромски невладини организации учествуваа на конференцијата на тема „Социјално вклучување во селските реони“. Конференцијата се одржа во Софија на 27 и 28 септември. Средбата послужи како преглед и оценка на проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани ромски рурални заедници“, реализиран од Центарот за меѓуетнички дијалог и толеранција „Амалипе“ (Бугарија), Национален ромски центар (Македонија) и Лига про Европа (Романија) во рамките на програмата „Прогрес“ на Европската комисија.

За време на дискусијата се појавија следните заклучоци:

– Потребен е по-стратешки пристап: програмите за субвенционирани вработувања за неквалификувани работници се важни за покривање на непосредните потреби, но по-стратешки е да се инвестира и во образование – СОО (стручно образование и обука) и доживотно учење, за да се подготви ромската младина за пазарот на труд;

– Рурален развој е повеќе од развој на земјоделството: тоа вклучува развој на услугите и институциите во руралните општини, подобрување на квалитетот на животот, како и целата тема за социјалното вклучување, како што истакна Валтер Волф од Генералниот директорат „Вработување, социјални прашања и еднакви можности” на Европската Комисија;

– Има перспектива за развој на заедниците како Центрите за поддршка на заедниците кои се од клучно значење за процесот на интеграција на Ромите и за рурален развој. Општините можат да бидат вредни промотори и сојузници за вклучување на Ромите, особено ако националната администрација го обезбедува потребното финансирање и поддршка за институционализација на Центрите.

Вториот ден беше посветен на работата на македонските и романските партнери. Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за труд и социјална политика ја претстави состојбата со вклучување на Ромите во Македонија. Ашмет Елезовски и Славица Ќурчинска од Национален ромски центар ги презентираа досегашните активности, постигнувања и идни планови за работата на Центарот за поддршка на заедницата „Терникано Центро“ лоциран во Општина Илинден, с. Миладиновци. Свое гледишта за проектот и соработката со НРЦ даде директорот на О.У. „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци. Беше презентирана и генералната положбата на Ромите во Општина Илинден.

Спроведувањето на проектот во Романија беше претставено од г-ѓа Каталин Сикзаи од Лига про Европа и г-ѓа Родик Сарди, модератор во Глодене. Нивните главни заклучоци ја истакнаа важноста на работата во заедницата за целиот процес на интеграција на Ромите.

Во попладневните часови беше организирана посета на општина Долна Бања. Учесниците посетија една ромска населба, Центарот за развој на заедницата и социјални институции во градот. Тие разговараа со локалните ромски водачи и со општинските администрации како се реализира проектот и какви се резултатите. Ромите во Долна бања се занимаваат со одгледување на јагоди и малини.

[post_gallery]