Национален ромски центар на 14-15 Јуни 2012 година во Сараево учествуваше на “Обука за обучувачи за кривични дела од омраза за Ромски невладини организации од Балканот”.

Обуката беше реализирана од страна на ОСЦЕ ОДИХР при што учесниците имаа можност да научат различни алатки за препознавање и справување со кривични дела од омраза.

Алатки кои беа претставени во текот на обуката се:

  • Истражување на природата и влијанијата на нетолерантноста;
  • Какви кривични дела од омраза  постојат и кои се показатели за предрасуди;
  • Стратегии за борба и следење на кривични дела од омраза.

[post_gallery]