Во Македонија, во периодот од Јуни 2010 до Јуни 2012 во 5 локалитети (три урбани и два рурални) – во Шуто Оризари, Виница, Делчево, Тработивиште и Црник – се имплементираа посебни елементи на програмата чии резултати беа презентирани на конференцијата

На 19-ти април 2012 година се одржа локалната конференција „Од пилот проект до оддржливи искуства од Македонија“ во рамките на проектот „Добар почеток“.

На отварањето на конференцијата зборуваше Министерот без ресор и Национален координатор на Декадата за инклузија на Ромите и Стратегијата за Роми во Р. Македонија.

Тој нагласи дека преку пилот проектот биле отворени 12 градинки, за што смета дека е добар почеток за грижата на децата до шест години.

За значењето на проектот и за учеството на МТСП на конференцијата зборуваше заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.

Силвиа Палаги, Програмски менаџер на „Добар Почеток” од Ромски образовен фонд од Будимпешта ги презентираше искуствата од проектот преку факти, бројки и резимеа.

Пречките за вклучување на ромските деца во предучилишно образование би можеле да се надминат доколку трошоците за градинките се намалат или исклучат и доколку во градинките бидат вклучени ромски воспитувачки или негователки, потенцираше Силвиа Палаги.

Во сесијата за искуството на општините вклучени во проектот зборуваа Емил Дончев, градоначалник на општина Виница, Кирчо Анастасов од општина Делчево, како и Надире Селман, претставник од општина Шуто Оризари.

За искуството на партнерските здруженија вклучени во проектот за инклузија на ромските деца во програмата за ран детски развој зборуваа Сузана Киранџиска од Фондација „Чекор по чекор“ – Скопје, Љатифе Шиковска од „Амбрела“ – Шуто Оризари, Зекри Абдулов од „Кхам“ – Делчево и Ашмет Елезовски, „Национален ромски центар“ – Куманово.

Раководителот на ИПА одделот во МТСП, Александра Славковска ја претстави оперативната програма „РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ 2007 – 2013“ – ИПА КОМПОНЕНТА 4, одобрена од страна на ЕК на 7 декември 2007 година.

Александра Славковска ја презентираше и Програмата за Заедницата за вработување и социјална солидарност ПРОГРЕС 2007-2013, како финансиски инструмент на ЕУ во областа на вработувањето и социјалната политика.

Во заклучниот дел Силвија Палаги од РЕФ зборуваше за значењето на проектот и плановите за иднина, што пред се се гледаат во заложби за одржливост на проектот.

Таа потенцираше дека можни реформи би требало да се предвидат во долготрајноста на вакви активности, високо професионален тим, исклучување или намалување на средствата што ги плаќаат семејствата за пресотј во градинка на месечно ниво.

[post_gallery]